Да повториме, секоја дурска скала има своја паралелна молска скала. Молска скала настанува кога го земаме шестото стапало на дурската скала и од него нижиме нова скала. Значи, на скалата C-dur паралелна молска е скалата a-moll. Постојат три видови молска скала: природен, хармонски и мелодиски вид. Во природнaта молска скала полустепените се наоѓаат помеѓу II-III и V-VI стапало. Во хармонската молска скала го повишуваме седмото стапало и имаме три полустепени: II-III, V-VI и VII-VIII и се јавува карактеристично растојание од степен и пол (1 1/2). Во мелодиската молска скала ги повишуваме и шестото и седмото стапало а полустепените се помеѓу II-III и VII-VIII стапало. Предзнаците за повишување се бележат секогаш пред нотата, а не по клучот.
Препишете ги скалите од сликата во тетратка а потоа сликнете го напишаното и пратете ми го на мејл или Viber за проверка.
Кликнете на сликата за да се отвори во поголема резолуција.
Потоа обидете се да ги отпеете сите три видови со помош на аудио снимките подолу. Внимавајте, кога ја пееме мелодиската скала нагоре како што треба со повишено шесто и седмо стапало, но кога се враќаме надолу ја пееме во природен вид односно ги разрешуваме шестото и седмото стапало.
Упатство за пуштање аудио фајл од google drive:
No comments:
Post a Comment