Темпо е брзината со која следат временските единици на броењето, односно деловите на тактот, еден по друг. Тоа е брзината со која изведуваме некоја композиција или одделни нејзини делови. За обележување на темпото се употребуваат изрази и кратенки од италијанскиот јазик.
Разликуваме три основни темпа: бавно, умерено и брзо. Секое од нив има свои нијанси.
Апсолутното временско траење на тоновите во рамките на различните видови темпо може да се утврди со помошта на апарат којшто се вика метроном (го пронашол физичарот Mälzel). Саатен механизам ја движи стрелката, која во определени временски растојанија гласно ги отчукува нотните вредности како временски едниви за броење (делови од тактот) според табелата на апаратот. Разликите во брзината се движат на метрономот од 24 до 208, а подвижниот тег на стрелката може да се помести на кој и да било од броевите на табелата. Колку што се броевите помали, отчукувањето е побавно, а колку се поголеми, отчукувањето е побрзо.
Темпа од најбавно до најбрзо:
Листот може да го превземете во .pdf формат тука
No comments:
Post a Comment