Отворете на страна 32 од учебникот Солфеж I. Да повториме: ударите (тактирањето со рака на клупа) во мелодиските вежби ги запишуваме со цртички над нотите, а имињата на тоновите под самата нота. Препишете ги во вашиот учебник цртичките и имињата на тоновите во вежба број 11 како што е подолу на сликата, а потоа пробајте сами да ги запишете на истиот начин во вежбите 12 и 13. Значи четвртините ноти имаат по една цртичка бидејќи четвртина нота трае еден удар, а половините ноти ќе имаат по две цртички бидејќи половина нота трае два удари.
Сработената домашна сликнете ја со смартфон и испратете ми ја на prokopievnenad@gmail.com Или пишете ми доколку имате прашање или ви треба помош.
Откако ќе ги напишете пробајте да ги испеете. Вежбите се снимени во аудио .mp3 формат. Секоја вежба започнува со интонација и два ритмички удари за да имате претстава за брзината (темпото). Пуштајте ги од смартфон или од компјутер како придружба додека пеете за да се слушате и на тој начин да го развивате слухот.
- Вежба 11 страна 32
- Вежба 12 страна 32
- Вежба 13 страна 32
Упатство за пуштање аудио фајл од google drive:
No comments:
Post a Comment