Tuesday, 14 April 2020

14. 04 I-01 Стапало и степен

Секој тон има свое место во скалата. Местото на тонот во скалата се нарекува СТАПАЛО. Стапалата ги пишуваме со римски броеви: I, II, III, IV, V, VI, VII и VIII.
Во музиката, растојанието помеѓу два соседни тона (на пример до и ре, фа и сол) се мери со степени. Постојат два вида степени: цел и полустепен. Во скалата Ц-дур полустепените се наоѓаат помеѓу III и IV и помеѓу VII и VIII стапало. Помеѓу сите други стапала во скалата има цели степени. Погледнете ја илустрацијата на страна 36 од учебникот Солфеж I, човечето прави поголем чекор односно цел степен, а потоа помал чекор односно полустепен.

Препишете ја скалата Ц-дур како што е подолу на сликата, напишете ги римските броеви односно стапалата и обележете ги полустепените. Како втора задача може да ги вежбате римските броеви на посебен лист, на пример, во еден ред I, под него II, па III итн.



No comments:

Post a Comment