Thursday, 30 April 2020

30. 04 I-01 Мелодиски вежби - a-moll (мелодиски вид)

Минатиот пат ја земавме скалата a-moll мелодиски вид, се надевам дека ја препишавте во тетратка и научивте. Денес продолжуваме со мелодиски вежби во a-moll мелодиски вид. Превземете ги листовите што се во .pdf формат ТУКА и ТУКА и пробајте да ги отпеете вежбите со број 1, 2, 3 и 4 со помош на аудио снимките подолу. Во првите две вежби за да ви биде полесно ги напишав движењето на раката (стрелките) и имињата на тоновите, а во 3-та и 4-та вежба обидете се сами.



Упатство за пуштање аудио фајл од google drive:

30. 04 II-07 Ритмички вежби

Отворете на страна 62 од учебникот Солфеж 2 и вежбајте ги ритмичките вежби со број 1, 2 и 3. И во овој случај како и претходно, бидејќи немаме петтолиние туку само една линија, нотите ги изговараме со „ТА“. Внимавајте, таму каде што имаме синкопа го задржуваме тонот од претходно.
Доколку ви треба помош со движењето на раката или го немате учебникот, листот во .pdf формат може да го превземете ТУКА.

Wednesday, 29 April 2020

29. 04 VIII-02 Хроматски скали (дурска хроматска нагоре - надолу) (Теорија)

Во музичката практика постои уште еден вид скали наречени хроматски скали, коишто се состојат само од полустепени. Секоја хроматска скала преставува низа од 12 хроматски и дијатонски полустепени. Овие скали ги изведуваме од сите дијатонски дурски и молски скали и затоа ги делиме на хроматски дурски и хроматски молски скали.

Денес ќе се запознаеме со хроматската дурска скала. За да добиеме хроматска дурска скала, како основа ја земаме било која дијатонска дурска скала, а во неа ги задржуваме дијатонските полустепени (помеѓу III-IV и VII-VIII стапало). На пример, во C-dur хроматската дурска скала кога ја градиме нагоре, ги повишуваме I-то, II-то,IV-то и V-то стапало. Од хармонски причини шестото стапало не се повишува, туку наместо тоа хроматски се снижува седмото стапало.








Во надолната хроматска дурска скала исто така сите стапала се снижуваат освен V-то стапало, наместо тоа хроматски се повишува IV-то а потоа се разрешува односно се враќа природно.



На истиот начин може да добиеме хроматска дурска скала од било која друга дијатонска дурска скала. Еве уште еден пример, во овој случај во G-dur:



Домашна 1: Препиши ги примерите погоре во тетратка (без текстот);
Домашна 2: Напиши D-dur хроматска дурска скала (нагоре и надолу).

Домашните сликнете ги со смартфон и пратете ми ги на prokopievnenad@gmail.com

29. 04 III-02 Примери од литературата во G-dur

Вежбајте ги примерите од литературата од учебникот солфеж 3 со помош на аудио снимките подолу. Во тие вежби што има артикулација (легато, стакато) обидете се да ги отпеете на ист начин, значи тоновите да се поврзани или кратки. Темпото е ♩=40 bpm.


Tuesday, 28 April 2020

28. 04 I-01 Песна за стапало

Отворете на страна 37 од учебникот Солфеж 1 и погледнете ја песната за СТАПАЛО. Прочитајте го текстот, нотите, слушнете ја песната (кликнете на линкот подолу) и обидете се да ја отпеете.



Упатство за пуштање аудио фајл од google drive:

20. 04 VII-04 и VII-09 Слушање квинтакорди

Превземете го аудио фајлот во .mp3 формат ТУКА и обидете се да ги слушнете а потоа да ги запишете снимените квинтакорди во тетратка како што е на сликата подолу. Осум квинтакорди се. Секој квинтакорд е снимен по три пати, два пати хармонски (три тонови во исто време) и еднаш мелодиски (еден по друг тон). Значи дурски, молски, намален и зголемен квинтакорд. Вие пуштајте и враќајте ги колку што ќе ви е потребно (види подолу детално кој квинтакорд од каде точно почнува во аудиото).
Домашните пратете ми ги на мејл.


























  • Квинтакорд бр. 1: 00:02
  • Квинтакорд бр. 2: 00:33
  • Квинтакорд бр. 3: 01:03
  • Квинтакорд бр. 4: 01:33
  • Квинтакорд бр. 5: 02:02
  • Квинтакорд бр. 6: 02:33
  • Квинтакорд бр. 7: 03:03
  • Квинтакорд бр. 8: 03:32

Упатство за пуштање аудио фајл од google drive:


Monday, 27 April 2020

27. 04 III-01 Мелодиски вежби c-moll природен вид

Бидејќи го немате учебникот Солфеж IV од Мишченко, превземете ја страната во .pdf формат ТУКА и поминете ги по неколку пати вежбите со број: 67, 68, 69 и 70 во c-moll природен вид, со помош на аудио снимките подолу.



Упатство за пуштање аудио фајл од google drive:

27. 04 II-08 Пеење a-moll природен вид, функции и каденци

Препишете ја скалата a-moll природен вид, функциите и каденците во тетратка од сликата, и пратете ми ги на мејл. А потоа обидете се да ги отпеете со помош на аудио снимките подолу.


Кликнете на сликата за да се отвори во поголема резолуција.



































Аудио:


Упатство за пуштање аудио фајл од google drive:

Friday, 24 April 2020

24. 04 VIII-02 Мелодиски вежби со модулации

Отворете на страна 33 од учебникот Солфеж VI и вежбајте ги вежбите со број 133, 134, 135 и 136 со помош на аудио снимките подолу. Пуштајте ги од смартфон или до компјутер. Доколку го немате учебникот или ви треба помош за ударите во вежба 135 (3/16), превземете го листот во .pdf формат ТУКА.


Упатство за пуштање аудио фајл од google drive:

24. 04 I-01 Паралелна молска скала - a-moll (мелодиски вид)

Третиот вид на молска скала се нарекува мелодиски. Како и кај природниот и хармонскиот, за да ја добиеме a-moll мелодиска го земаме шестото стапало на скалата C-dur односно тонот ла. Во оваа скала ги повишуваме VI и VII стапало и предзнаците за повишување ги бележиме секогаш пред нотата, а не по клучот. Во мелодиската молска скала полустепените се наоѓаат помеѓу II-III и VII-VIII стапало.

Препишете ја лекцијата од сликата подолу во тетратка и пратете ми ја на prokopievnenad@gmail или Viber за проверка.


Кликнете на сликата за да се отвори во поголема резолуција.


















Следната задача ви е да се обидете да ја отпеете со помош на аудио снимката подолу. Внимавајте, кога мелодиската молска скала се движи (или се пее) надолно повишените VI и VII стапало се разрешуваат односно пееме природен a-moll.

Thursday, 23 April 2020

23. 04 II-07 Мелодиска вежба од виолински во бас-клуч

Погледнете ја мелодиската вежба во a-moll хармонски и обидете се да ја препишете во бас-клуч во ИСТАТА октава, со се предзнаците пред самите ноти. За попрактично превземете го листот во .pdf формат ТУКА и пишувајте директно на него, или препишете ја вежбата од сликата подолу директно во тетратка.
Домашната пратете ми ја не мејл или Viber.

Кликнете на сликата за да се отвори во поголема резолуција.

23. 04 VII-04 и VII-09 Ритмички вежби со дуола и квартола

Дуола и квартола се неправилни тонски групи. Овие групи ги обележуваме со број (обично окружен со лак) кој што го означува бројот на нотите во групата.
Ако триделниот такт (3/8, 3/4, 3/2 итн.) го исполниме со две ноти со еднакви вредности или самостојната триделна група ја поделиме на две еднакви ноти, добиваме дуола.
Ако триделната група ја поделиме на четири еднакви ноти, добиваме квартола.

Препишете ги примерите од сликата подолу во тетратка. А потоа поминете ги вежбите со број 16, 17, 18, 19, 20 и 20а на страна 61 од учебникот Солфеж V. Доколку ви треба помош со ударите, превземете ја страната во .pdf формат ТУКА.

Wednesday, 22 April 2020

22. 04 III-02 Препишување мел. вежба од виолински во бас-клуч

Погледнете ја вежбата во e-moll мелодиски и пробајте да ја препишете од виолински во бас-клуч во ИСТАТА октава со се предзнаците. Превземете го листот во .pdf формат ТУКА, отпечатете го и пишувајте на него или препишете ја вежбата од сликата директно во тетратка.
Домашните сликнете ги и пратете ми ги на мејл или Viber за проверка.















Кликнете на сликата за да се отвори во поголема резолуција.

22. 04 I-01 Вежби: „Обои ги точните ноти“ и „Четвртина пауза“

Превземете ги двете нови вежби и пробајте да ги решите. Доколку немате принтер може и во тетратка.


Потоа пратете ми ги на мејл или Viber за проверка.

Tuesday, 21 April 2020

21. 04 VIII-02 Мелодиски вежби со алтерации

Отворете на страна 27 од учебникот Солфеж VI од Мишченко или превземете ја страната во .pdf формат ТУКА, и вежбајте ги (со тактирање) со помош на аудио снимките подолу како и претходно и спремајте се за испитот. Темпото е ♩=40 bpm.


Упатство за пуштање аудио фајл од google drive:

21. 04 II-08 Видови молска скала (пишување и пеење на трите видови)

Да повториме, секоја дурска скала има своја паралелна молска скала. Молска скала настанува кога го земаме шестото стапало на дурската скала и од него нижиме нова скала. Значи, на скалата C-dur паралелна молска е скалата a-moll. Постојат три видови молска скала: природен, хармонски и мелодиски вид. Во природнaта молска скала полустепените се наоѓаат помеѓу II-III и V-VI стапало. Во хармонската молска скала го повишуваме седмото стапало и имаме три полустепени: II-III, V-VI и VII-VIII и се јавува карактеристично растојание од степен и пол (1 1/2). Во мелодиската молска скала ги повишуваме и шестото и седмото стапало а полустепените се помеѓу II-III и VII-VIII стапало. Предзнаците за повишување се бележат секогаш пред нотата, а не по клучот.

Препишете ги скалите од сликата во тетратка а потоа сликнете го напишаното и пратете ми го на мејл или Viber за проверка.


















Кликнете на сликата за да се отвори во поголема резолуција.

Потоа обидете се да ги отпеете сите три видови со помош на аудио снимките подолу. Внимавајте, кога ја пееме мелодиската скала нагоре како што треба со повишено шесто и седмо стапало, но кога се враќаме надолу ја пееме во природен вид односно ги разрешуваме шестото и седмото стапало.

Упатство за пуштање аудио фајл од google drive:

Friday, 17 April 2020

17. 04 II-07 Мелодиски вежби во a-moll хармонски вид

Отворете на страна 50 и 51 од учебникот Солфеж II или доколку го немате превземете ги страните во .pdf формат тука:
Страна 50
Страна 51

Вежбајте ги со пеење и тактирање вежбите со број 1, 2, 3 и 4. Во првите две вежби ги напишав ударите со цртички над нотите а во другите 2 пробајте сами. Вежбите се снимени во аудио .mp3 формат и пуштајте ги од компјутер или смартфон во позадина додека пеете и слушајте се паралелно со нив.

Аудио вежби:

Упатство за пуштање аудио фајл од google drive:







Доколку имате прашање или ви треба помош, пишете ми на prokopievnenad@gmail.com

17. 04 III-01 Мелодиски вежби Es-dur (бас-клуч)

Отворете на страна 15 од учебникот Солфеж IV од Мишченко. Доколку го немате, ТУКА превземете ја страната во .pdf формат, испечатете ја или гледајте од компјутер. Вежбајте ги со пеење и тактирање вежбите со број 59, 60, 61 и 62 со помош на аудио снимките подолу. Исто како и минатиот пат но сега внимавајте пошто сте во бас-клуч. Тактот кај вежбите 61 и 62 е alla breve, значи половината нота ќе биде еден удар, четвртината ќе ја тактирате како осмина итн. Ги запишав удари за да ви биде полесно.

Аудио вежби:

Упатство за пуштање аудио фајл од google drive:

Thursday, 16 April 2020

16. 04 II-08 Откривање на a-moll (именување и пишување на тоновите)

Секоја дурска скала има своја паралелна молска скала. Има три видови на молска скала: природен, хармонски и мелодиски вид. На скалата C-dur паралелна молска скала е скалата a-moll. Денес ќе се запознаеме со скалата a-moll (природен вид).
За да добиеме паралелна молска скала го земаме шестото стапало на дурската, во C-dur шестото стапало е тонот ла, значи скалата a-moll почнува и завршува со тонот ла. Полустепените во a-moll (природен вид) се наоѓаат помеѓу: II и III, и V и VI стапало.

Препишете ја во тетратка скалата а-moll, имињата на тоновите, стапалата и полустепените како што е на сликата:





















А потоа обидете се да ја испеете (од ла мало) со помош на аудио траките подолу, неколку пати во бавно а потоа во брзо темпо.

  1. Скала a-moll (природен вид) бавно темпо
  2. Скала a-moll (природен вид) брзо темпо

Упатство за пуштање аудио фајл од google drive:




16. 04 VIII-02 Парлато вежби виолински и бас-клуч

Отворете на страна 20 и 21 од учебникот Солфеж VI од Мишченко и вежбајте ги парлато вежбите со број 68, 69, 70 и 73 во ♩=40 bpm темпо. Може да користите и метроном. Доколку ја немате книгата страните може да ги превземете во .pdf формат тука:

Напомена, вежбите 68 и 69 односно во 2/8 и 6/8 такт осмините броете ги на еден удар. Ги пишав ударите со цртички над нотите за секој случај.

Wednesday, 15 April 2020

15. 04 I-01 Мелодиски вежби a-moll (хармонски вид)

ТУКА превземете го листот со мелодиските вежби во a-moll (хармонски вид) во .pdf  формат и испечатете го. Доколку немате принтер препишете ги во тетратка. Првата задача е да ги обележете ударите со цртички над нотите како што е во првата вежба а потоа обидете се да ги вежбате со пеење со помош на аудио снимките подолу, кои што се снимени во .mp3 формат, темпото е ♩=40 bpm. Значи пуштајте ги од компјутер или од смартфон и слушајте ги нив и себе додека пеете и на тој начин развивајте го слухот. Имињата на тоновите се запишани.

Аудио снимки:
Вежба 1
Вежба 2
Вежба 3
Вежба 4

Упатство за пуштање аудио фајл од google drive:








Доколку имате прашања или ви треба помош пишете ми на prokopievnenad@gmail.com или на Viber.

Tuesday, 14 April 2020

14. 04 I-01 Стапало и степен

Секој тон има свое место во скалата. Местото на тонот во скалата се нарекува СТАПАЛО. Стапалата ги пишуваме со римски броеви: I, II, III, IV, V, VI, VII и VIII.
Во музиката, растојанието помеѓу два соседни тона (на пример до и ре, фа и сол) се мери со степени. Постојат два вида степени: цел и полустепен. Во скалата Ц-дур полустепените се наоѓаат помеѓу III и IV и помеѓу VII и VIII стапало. Помеѓу сите други стапала во скалата има цели степени. Погледнете ја илустрацијата на страна 36 од учебникот Солфеж I, човечето прави поголем чекор односно цел степен, а потоа помал чекор односно полустепен.

Препишете ја скалата Ц-дур како што е подолу на сликата, напишете ги римските броеви односно стапалата и обележете ги полустепените. Како втора задача може да ги вежбате римските броеви на посебен лист, на пример, во еден ред I, под него II, па III итн.



14. 04 VII-04 и VII-09 Слушање интервали

Превземете го аудио фајлот во .mp3 формат ТУКА и обидете се да ги слушнете а потоа да ги запишете снимените интервали во тетратка. Секој интервал е снимен по два пати, хармонски (два тонови во исто време) и мелодиски (еден по друг тон). Вие пуштајте ги и враќајте ги колку што ви е потребно. 
Значи сите чисти, мали и големи. Намалените и зголемените се свират со разрешување, тие оваа година не.
Запишувајте ги како примерот на сликава подолу, а потоа испратете ми ги на prokopievnenad@gmail.com за да ги проверам.


















Упатство за пуштање аудио фајл од google drive:



Monday, 13 April 2020

13. 04 III-02 Функции и каденци во G-dur и сите видови e-moll

Препишете ги во тетратка функциите и каденците во G-dur и сите видови e-moll од сликите, а потоа обидете се да ги испеете (со тактирање) со помош на аудио снимките подолу кои што се снимени во .mp3 формат. Значи пуштајте ги од компјутер или од смартфон и слушајте се додека пеете и на тој начин тренирајте го слухот. Темпото е ♩=40 bpm.

Кликнете на сликите за да се отворат во поголема резолуција или симнете ги во .pdf формат тука
























Функции во G-dur
Каденци во G-dur
Функции во e-moll (природен вид)
Каденци во e-moll (природен вид)
Функции во e-moll (хармонски вид)
Каденци во e-moll (хармонски вид)
Функции во e-moll (мелодиски вид)
Каденци во e-moll (мелодиски вид)

Упатство за пуштање аудио фајл од google drive

Thursday, 9 April 2020

09. 04 II-07 a-moll хармонски вид, функции и каденци

Се надевам дека ја научивте скалата a-moll (природен вид) од минатиот час. Да повториме, секоја дурска скала има своја паралелна молска. За да ја добиете паралелната молска скала го земаме шестото стапало на дурската. На C-dur паралелна молска скала е a-moll. Секоја молска скала има три видови: природна, хармонска и мелодиска. Денес ќе се запознаеме со a-moll хармонски вид. Кај хармонската молска скала го повишуваме седмото стапало, значи во a-moll g треба да го повишиме во gis.

Препишете ја во тетратка a-moll хармонски вид, функциите и каденците од сликата. Кликнете на сликата за да се отвори во поголема резолуција или симнете го листот во .pdf формат тука.




































Доколку имате прашања, ви треба помош или сакате да го проверам напишаното, сликнете го со смартфон и испратете го на prokopievnenad@gmail.com

09. 04 II-08 Предзнаци

Препишете ја во тетратка новата лекција за „Предзнаци“ од сликата. Кликнете на сликата за да се отвори во поголема резолуција, или превземете ја во .pdf формат тука.




































Откога ќе ја препишете отворете на страна 38 од учебникот Солфеж II и решете ја задачата каде што пишува АКТИВНОСТИ. Сработените домашни сликнете ги со смартфон и испратете ми ги на prokopievnenad@gmail.com Или пишете ми доколку имате прашање или ви треба помош.

Забелешка: има две изданија на Солфеж 2 така што лекцијата за Предзнаци може во вашиот учебник да се наоѓа на друга  страна. Видете во содржина. 

Wednesday, 8 April 2020

08. 04 III-01 Мелодиски вежби Es-dur (виолински клуч)

Вежбајте ги мелодиските вежби број 39, 40, 41 и 42 од учебникот Солфеж IV од Мишченко страна 11-12. Вежбите се снимени во .mp3 аудио формат, препорачувам блогов и аудио фајловите да ги отворате од компјутер но може и од смартфон. Секоја мелодиска вежба е снимена со интонација и два ритмички удари. Темпото е ♩=40 bpm. Значи пуштајте ги додека пеете и слушајте се и на тој начин развивајте го слухот.

Бидејќи го немате учебникот Солфеж IV страниците може да ги превземете во .pdf формат од google drive (види подолу). Во вежбите ги напишав ударите за полесно да ги разберете ударите и ритмичките структури.

Страна 11.pdf
Страна 12.pdf

Аудио вежби:

Упатство за пуштање аудио фајл од google drive








Доколку имате прашања или ви треба помош пишете ми на prokopievnenad@gmail.com или на Viber.

08. 04 VII-04 и VII-09 Темпо и неговите основни видови

Темпо е брзината со која следат временските единици на броењето, односно деловите на тактот, еден по друг. Тоа е брзината со која изведуваме некоја композиција или одделни нејзини делови. За обележување на темпото се употребуваат изрази и кратенки од италијанскиот јазик.
Разликуваме три основни темпа: бавно, умерено и брзо. Секое од нив има свои нијанси.
Апсолутното временско траење на тоновите во рамките на различните видови темпо може да се утврди со помошта на апарат којшто се вика метроном (го пронашол физичарот Mälzel). Саатен механизам ја движи стрелката, која во определени временски растојанија гласно ги отчукува нотните вредности како временски едниви за броење (делови од тактот) според табелата на апаратот. Разликите во брзината се движат на метрономот од 24 до 208, а подвижниот тег на стрелката може да се помести на кој и да било од броевите на табелата. Колку што се броевите помали, отчукувањето е побавно, а колку се поголеми, отчукувањето е побрзо.

Темпа од најбавно до најбрзо:




































Листот може да го превземете во .pdf формат тука

Tuesday, 7 April 2020

07. 04 Паралелна молска скала - a-moll (хармонски вид)

Се надевам дека ја научивте скалата a-moll (природен вид) од минатиот час. Да повториме, секоја дурска скала има своја паралелна молска. За да ја добиете паралелната молска скала го земаме шестото стапало на дурската. На C-dur паралелна молска скала е a-moll. Секоја молска скала има три видови: природна, хармонска и мелодиска.
Денес ќе се запознаеме со a-moll хармонски вид. Кај хармонската молска скала го повишуваме седмото стапало, значи во a-moll g треба да го повишиме во gis. Препишете го ова од сликата во тетратка.













Кликнете на сликата за да ја отворите во поголема резолуција или превземете го листот во .pdf формат тука



Доколку имате прашања во врска со денешната лекција, пишете ми на prokopievnenad@gmail.com