Thursday, 11 June 2020
11. 06 III-02 Препишување вежба во G-dur од бас-клуч во виолински
Превземете го листот (шаблон) во pdf формат ТУКА или гледајте од сликата подолу и препишете ја вежбата во G-dur од бас-клуч во виолински за една октава погоре. Значи по ред, првата нота е g (сол мало) половина, вие треба да ја препишете во виолински клуч како g1 (сол од првата октава), втората нота е ,,d" (ре од малата октава) четвртина - вие треба да ја препишете во виолински како ,,d1" четвртина нота (или ре од првата октава) итн. Потоа напишете ги ударите со цртички над нотите.
11. 06 Мелодиски примери e-moll (природен вид) (четириделна поделба)
Мелодиските примери се на страна 32 и 33 од учебникот Солфеж 3. Вежбајте ги со помош на аудио снимките подолу. Темпото е ♩=40 bpm.
Упатство за пуштање аудио фајл од Google Drive:
Wednesday, 10 June 2020
10. 06 I-01 Вежба во F-dur од бас-клуч во виолински (Препишување)
Препишете ја вежбата во F-dur од бас-клуч во виолински една октава погоре. На пример, првата нота е четвртина ,,f“ (фа мало) во бас-клуч а вие треба да ја препишете во виолински како ,,f 1“ (фа од прва октава). Втората нота е ,,c“ (до мало) вие треба да ја препишете како ,,c 1“ (до од прва октава) итн.
Превземете го листот (шаблонот) во pdf формат ТУКА или гледајте од сликата и препишете во тетратка.
Кликнете на сликата за да се отвори во поголема резолуција.
Превземете го листот (шаблонот) во pdf формат ТУКА или гледајте од сликата и препишете во тетратка.
Кликнете на сликата за да се отвори во поголема резолуција.
10. 06 I-01 Мелодиски вежби F-dur (бас-клуч)
Мелодиските вежби се во F-dur. Скалата F-dur има еден предзнак - снижено ,,си“. Тоа значи секаде во вежбите каде што ќе го сретнеме тонот ,,си“ треба да го пееме ,,си снижено“.
Мелодиските вежби вежбајте ги со помош на аудио снимките подолу. Гледајте ги од сликата или превземете го листот во pdf формат ТУКА.
Мелодиските вежби вежбајте ги со помош на аудио снимките подолу. Гледајте ги од сликата или превземете го листот во pdf формат ТУКА.
Tuesday, 9 June 2020
09. 06 I-01 Ритмички вежби со продолжување на нотни вредности
Ритмичките вежби се на страна 49 од учебникот Солфеж 1. Научете ги со помош на аудио снимките и сликата подолу.
Објаснување:
09. 06 I-01 Продолжување на нотите
Траењето на нотите може да се продолжи со: ЛАК, ТОЧКА и КОРОНА.
Лакот спојува две ноти со иста висина. Кога две исти ноти се поврзани со лак, првата нота се продолжува за вредноста на втората нота.
На пример: РЕ 1 четвртина нота споена со лак со друга РЕ 1 четвртина нота ќе трае два удари (1+1=2). Или МИ 1 четвртина нота споена со лак со друга МИ 1 четвртина нота ќе трае исто така два удари итн.
Точката ја продолжува нотата за половина од нејзиното траење. На пример, доколку имаме МИ 1 половина со точка таа ќе трае 3 удари бидејќи половината нота трае два удари + половина од нејзината вредност (еден удар) = вкупно три удари.
Корона е музички знак, кој како круна стои над нотата. Таа го продолжува нејзиното траење по желба или чувство на изведувачот и најчесто стои на крајот од композицијата.
Домашна задача: Напиши мелодија во скалата Ц-дур во 4/4 такт каде што ќе ги употребиш сите тонови што ги учевме до сега (од g - e2), сите нотни вредности (цела, половина, четвртина и осмина нота) и по една продолжена нота со лак, точка и корона. Напиши ги и ударите со цртички над нотите.
4/4 такт значи дека имаме четири удари во еден такт.

Monday, 8 June 2020
Sunday, 7 June 2020
08. 06 Повторување мелодиски вежби до 4 предзнаци (dur/moll)
- Вежба 1 во E-dur.mp3
- Вежба 2 во cis-moll (хармонски вид).mp3
- Вежба 3 во As-dur.mp3
- Вежба 4 во fis-moll (мелодиски вид).mp3
Превземете го листот со мелодиските вежби во pdf формат ТУКА.
08. 06 II-08 Дворедни ритмички вежби
Отворете на страна 63 од учебникот Солфеж 2 и погледнете ја вежбата со број 6. На сликата подолу е истата вежба на која што ги пишав ударите доколку не ви е јасно тактирањето. Потоа обидете се да ги отпеете со слогот (зборчето) ,,ТА“ најпрво горниот ред а потоа долниот со помош на аудио снимките.
Ваквите дворедни ритмички вежби се нарекуваат уште полиритмички вежби и се пејат во исто време (на пример двајца ученици каде што едниот ученик го пее првиот, а другиот ученик вториот ред). Во ваш случај откога ќе ги повежбате редовите одделно, пробајте да ги отпеете полиритмички. Значи го пеете горниот ред а го слушате од снимката долниот. И обратно.
На ист начин научете ја и вежба број 7.
08. 06 II-08 Мелодиски вежби a-moll мелодиски вид
Отворете на страна 56 од учебникот Солфеж 2 и вежбајте ги мелодиските вежби во a-moll мелодиски вид со број 1, 2 и 3 со помош на аудио снимките подолу. Доколку го немате учебникот или ви треба помош за ударите и имињата на тоновите, превземете го листот во pdf формат ТУКА.
Со снимен глас (Софтвер Emvoice, забелешка: софтверот ги изговара имињата на тоновите ,,РЕ“, „ЛА“... со англиски акцент но вие треба нормално):
Аудио фајловите пуштајте ги од смартфон или од компјутер и слушајте ги нив и себе додека пеете. Упатство за пуштање аудио фајл од Google Drive:
Friday, 5 June 2020
06. 05 I-01 Тонови РЕ 2 и МИ 2 (пишување)
Скалата може да се прошири и нагоре (во втората октава). Денес ќе се запознаеме со новите тонови РЕ 2 и МИ 2.
Домашна работа:
Решете ги двете задачи на страна 43 од учебникот Солфеж 1 каде што пишува АКТИВНОСТИ (Повторете ги низите од пониските и повисоките тонови неколку пати). Потоа сликнете ја домашната и пратете ми ја на мејл или Viber.

06. 05 II-08 Мелодиски вежби a-moll хармонски вид
Отворете на страна 50 и 51 од учебникот Солфеж 2 или доколку го немате превземете ги страните во pdf формат тука:
Страна 50.pdf
Страна 51.pdf
Во првите 2 вежби се напишани ударите со цртички над нотите. Вежбајте ги со пеење и тактирање вежбите со број 1, 2, 3 и 4 со помош на аудио снимките подолу.
Страна 50.pdf
Страна 51.pdf
Во првите 2 вежби се напишани ударите со цртички над нотите. Вежбајте ги со пеење и тактирање вежбите со број 1, 2, 3 и 4 со помош на аудио снимките подолу.
Аудио снимките пуштајте ги од смартфон или од компјутер и слушајте ги додека пеете, како замена за пијано. Секоја вежба започнува со интонација и два слободни удари. Темпото е ♩=40 bpm. Упатство за пуштање аудио фајл од Google Drive:
Thursday, 4 June 2020
04. 06 I-01 Предтакт и знак за повторување
Прочитајте и научете за предтакт и знак за повторување a потоа решете ги задачите (активностите).
Предтакт.pdf
Знак за повторување.pdf
Предтакт.pdf
Знак за повторување.pdf
04. 06 II-07 Мелодиски вежби во сите видови a-moll
Отворете на страна 58 од учебникот Солфеж 2 и вежбајте ги мелодиските вежби со број 1, 2, 3 и 4 со помош на аудио снимките подолу. Секоја од овие вежби е напишана во сите видови a-moll (природен, хармонски и мелодиски вид). Тоа значи дека одделни делови од овие вежби (како на пример одреден такт, ред или дел) е напишан во различна a-moll скала. Темпото е ♩=40 bpm.
Доколку ви е потребно превземете го листот со напишани удари и имињата на тоновите во pdf формат ТУКА.
Доколку ви е потребно превземете го листот со напишани удари и имињата на тоновите во pdf формат ТУКА.
Инструкции:
Аудио снимките пуштајте ги од смартфон или од компјутер. Тој што сака може да ми прати аудио снимки да го проверам. Упатство за пуштање аудио фајл од Google Drive:
Wednesday, 3 June 2020
06. 03 III-02 Мелодиски примери во G-dur (четириделна поделба)
Отворете на страна 21 (подоцна 22 и 23) од учебникот Солфеж 3 и вежбајте ги мелодиските вежби со број 20, 21, 22 и 27 во G-dur, со помош на аудио снимките подолу. Темпото е ♩=40 bpm
Инструкции: Аудио снимките пуштајте ги од смартфон или од компјутер. Тој што сака може да ми прати аудио снимка (Своеволно). Упатство за пуштање аудио фајл од Google Drive:
06. 03 III-01 Препишување мелодиска вежба во E-dur од виолински во бас-клуч (Вежбање бас-клуч и ритам)
Препишете ја мелодиската вежба во E-dur од виолински клуч во бас-клуч во истата октава. Напишете ги и ударите со цртички над нотите. Превземете го и отпечатете го листот во pdf формат ТУКА (со празен шаблон) или гледајте од сликата подолу.
Домашната задача сликнете ја и пратете ми ја на мејл или Viber (во приватна порака) за да ја проверам.
Кликнете на сликата за да се отвори во поголема резолуција.
Домашната задача сликнете ја и пратете ми ја на мејл или Viber (во приватна порака) за да ја проверам.
Кликнете на сликата за да се отвори во поголема резолуција.
Tuesday, 2 June 2020
06. 02 I-01 Песни со текст со осмини ноти
Познатата песничка ,,До сака доручек“. (:
Се наоѓа на страна 45 од учебникот Солфеж 1. Линкови од песната (различни изведби):
Се наоѓа на страна 45 од учебникот Солфеж 1. Линкови од песната (различни изведби):
06. 02 Повторување мелодиски вежби до 3 предзнаци
Превземете го листот во pdf формат ТУКА. Вежбајте ги мелодиските вежби со помош на аудио снимките подолу.
Тој што сака може да ми прати аудио снимка (своеволно).
Тој што сака може да ми прати аудио снимка (своеволно).
- Вежба 1 во A-dur.mp3
- Вежба 2 во А-dur.mp3
- Вежба 3 во Es-dur.mp3
- Вежба 4 во c-moll (мелодиски вид).mp3
Снимките пуштајте ги од смартфон или од компјутер. Упатство за пуштање аудио фајл од Google Drive:
Monday, 1 June 2020
06. 01 II-08 a-moll мелодиски вид, функции и каденци
Третиот вид на молска скала е мелодиски. За да ја добиеме a-moll мелодиски вид, повторно го земаме шестото стапало на скалата C-dur. Кај мелодиската молска скала ги повишуваме VI-то и VII-то стапало (повишувалките стојат пред самите ноти) а полустепените се наоѓаат помеѓу II-III и VII-VIII стапало. Домашна задача: препишете ја во тетратка скалата a-moll мелодиски вид, функциите и каденцата од сликата подолу и испратете ми ја не мејл или Viber (во посебна порака).
Кликнете на сликата за да се отвори во поголема резолуција.
Кликнете на сликата за да се отвори во поголема резолуција.
Subscribe to:
Posts (Atom)