Saturday, 30 May 2020

30. 05 VIII-02 Диктат во E-dur

Најпрвин нацртајте празен шаблон во тетратка (види слика) а потоа слушнете го диктатот во E-dur од аудио снимките подолу и обидете се да го запишете. Може да го пуштате целиот диктат со паузирање и враќање или конкретните тактови. ,,Премотувајте“ колку што ви е потребно. Откога ќе го напишете пратете ми го на мејл или на Viber (во посебна порака) да го проверам.













Аудио снимките пуштајте ги од смартфон или од компјутер. Упатство за пуштање аудио фајл од Google Drive:

Friday, 29 May 2020

29. 05 I-01 Мелодиски вежби F-dur (пунктиран ритам - синкопа)

Превземете ги мелодиските вежби во F-dur: страна 6.pdf и страна 7.pdf и вежбајте ги вежбите со број 1, 2, 3 и 4 со помош на аудио снимките подолу. На првите две вежби се пишани ударите со црвени цртички над нотите и името на тонот под секоја нота. Останатите две пробајте сами директно да ги читате (пеете) и тактирате.



Аудио вежбите започнуваат со интонација од тонот со кој започнува самата вежба и два слободни удари за да добиете претстава за темпото. Темпото е ♩=40 bpm. Тој што сака може да ми прати аудио снимка да го проверам. Упатство за пуштање аудио фајл од Google Drive:

Thursday, 28 May 2020

28. 05 1-01 Мелодиски вежби со осмини ноти

Отворете на страна 46 од учебникот Солфеж 1 и разгледајте ги мелодиските вежби со број 1 и 2. А потоа обидете се да ги отпеете по неколку пати со помош на аудио снимките подолу.
Ако ви е полесно може да ги гледате директно од сликите каде што ги запишав ударите со црвени линии и имињата на тоновите под нотите.



















Додатно објаснување: Секоја вежба е снимена со претходна интонација со тонот од кој што започнува вежбата и 2 слободни удари за да се добие претстава за темпото. Аудио снимките со глас, се снимени со софтвер што ги пее нотите со англиски акцент. Учениците треба да ги пејат нормално. Ова се пробни (demo) примери за да добијат груба претстава како да ги вежбаат. Тие што сакаат може да ми пратат аудио снимка да ги проверам.
Упатство за пуштање аудио фајл од google drive:

Wednesday, 27 May 2020

27. 05 VII-04 и VII-09 Намален квинтакорд

Препишете ја лекцијата од сликата подолу и научете за намален квинтакорд. Потоа решете ја задачата и пратете ми ја (со се лекцијата) на мејл или Viber (во посебна порака) за проверка. 


Кликнете на сликата за да се отвори во поголема резолуција:



27. 05 II-07 Дворедни ритмички вежби

Отворете на страна 63 од учебникот Солфеж 2 и погледнете ја вежбата со број 6. На сликата подолу е истата вежба на која што ги пишав ударите доколку не ви е јасно тактирањето.
Потоа обидете се да ги отпеете со слогот (зборчето) ,,ТА“ најпрво горниот ред а потоа долниот со помош на аудио снимките.











Ваквите дворедни ритмички вежби се нарекуваат уште полиритмички вежби и се пејат во исто време (на пример двајца ученици каде што едниот ученик го пее првиот, а другиот ученик вториот ред). Во ваш случај откога ќе ги повежбате редовите одделно, пробајте да ги отпеете полиритмички. Значи го пеете горниот ред а го слушате од снимката долниот. И обратно.

На ист начин научете ја и вежба број 7.

Tuesday, 26 May 2020

26. 02 II-08 a-moll хармонски вид, функции и каденци

Се надевам дека ја научивте скалата a-moll (природен вид) од минатите часови. Да повториме, секоја дурска скала има своја паралелна молска. За да ја добиеме паралелната молска скала го земаме шестото стапало на дурската. На C-dur паралелна молска скала е a-moll. Секоја молска скала има три видови: природна, хармонска и мелодиска.
Денес ќе се запознаеме со a-moll хармонски вид. Кај хармонската молска скала го повишуваме седмото стапало, значи во a-moll g треба да го повишиме во gis.

Домашна задача:
Препишете ја во тетратка a-moll хармонски вид, функциите и каденците од сликата подолу и научете ја. Препишаното сликнете го и испратете ми го на мејл или Viber (во посебна порака).


Кликнете на сликата за да се отвори во поголема резолуција.

26. 05 Повторување мелодиски вежби до 4 предзнаци

Превземете го листот од мелодиските вежби во .pdf формат ТУКА и вежбајте ги со помош на аудио снимките подолу. Тој што сака може да ми прати аудио снимка (своеволно).

Упатство за пуштање аудио фајл од google drive:

Friday, 22 May 2020

22. 05 I-01 Ритмички вежби со осмини ноти

Превземете го листот со објаснување и задачата во .pdf формат ТУКА. Откога ќе ја напишете испратете ми ја на мејл или Viber (во приватна порака) за да ја проверам.

Ваквите ритмички вежби ги пееме со зборчето (слогот ,,ТА“) на ист тон, со тактирање. Погледнете го следниов пример (првата вежба на листот) и слушнете го. Потоа обидете се сами да ја повежбате. Секоја долна стрелка е удар со раката на клупа.










Аудио: Ритмички пример.mp3

Тој што сака може да ми прати и аудио снимка од вежбата (своеволно).

22. 05 II-07 Мелодиски вежби a-moll (мелодиски вид)

Отворете на страна 56 од учебникот Солфеж 2 и повежбајте ги мелодиските вежби во a-moll мелодиски вид со број 1, 2 и 3. Доколку го немате учебникот или ви треба помош за ударите и имињата на тоновите, превземете го листот во .pdf формат ТУКА.
Вежбајте со помош на аудио снимките подолу.

Со снимен глас (Софтвер Emvoice, забелешка: софтверот ги изговара имињата на тоновите ,,РЕ“, „ЛА“...  со англиски акцент но вие треба нормално):
Аудио фајловите пуштајте ги од смартфон или од компјутер и слушајте ги нив и себе додека пеете. Упатство за пуштање аудио фајл од google drive:


Thursday, 21 May 2020

21. 05 III-02 Мелодиски примери a-moll (четириделна поделба)

Отворете на страна 10 (а потоа 11 и 13) и повежбајте ги 20-тина мин. мелодиските вежби во a-moll (хармонски вид) со број 3, 5, 6 и 14 со помош на аудио снимките подолу. Две вежби се во бас-клуч па доколку ви е потребна помош околку ударите и имињата на тоновите, превземете го листов во .pdf формат ТУКА.
Доколку некој сака може да ми прати аудио снимка да го проверам (своеволно).



Аудио снимките пуштајте ги од смартфон или од компјутер и слушајте ги нив и себе додека пеете. Упатство за пуштање аудио фајл од google drive:

20. 05 VII-04 и VII-09 Молски квинтакорд

Препишете ја лекцијата од сликата подолу и научете за молски квинтакорд. Потоа решете ја задачата и пратете ми ја (со се лекцијата) на мејл или Viber (во посебна порака) за проверка.

Кликнете на сликата за да се отвори во поголема резолуција.



Wednesday, 20 May 2020

20. 05 I-01 Мелодиски вежби G-dur (виолински и бас-клуч)

Превземете ја страната со мелодиските вежби во .pdf формат ТУКА и повежбајте ги вежбите со број 1, 2, 3 и 4 во G-dur со помош на аудио снимките подолу. На вежбите 1 и 3 ги напишав ударите (со цртички) што треба да ги тактирате со рака и имињата на тоновите (под секоја нота) а останатите обидете се сами директно.


Како би требало отприлика да звучите (снимено со Emvoice - софтверот ги изговара нотите со англиски акцент: меко ,,ре“, „ла“ итн... вие треба нормално):


Аудио снимките пуштајте ги од смартфон или од компјутер и слушајте ги нив и себе додека пеете. Упатство за пуштање аудио фајл од google drive:


Tuesday, 19 May 2020

19. 05 II-08 Ритмички вежби

На еден од минатите часови имавме ритмички вежби со ноти напишани на една линија, и тие ги изговаравме со слогот ,,ТА“. Но кога имаме ритмички вежби со ноти напишани на петолиние, тоа се нарекува ритмичко читање или ПАРЛАТО. Тоа значи дека одбираме темпо кое што треба да го задржиме од почеток до крај (во наш случај бавно, ♩=40 bpm) и ги изговараме нотите на еден ист тон (фрекфенција) односно на тонот ДО 1 со тактирање.

Отворете на страна 64 и 65 од учебникот Солфеж 2 и погледнете ги вежбите со број 1, 2, 3 и 4. А потоа слушнете ги аудио вежбите број 1 и 2 за да добиете претстава на кој начин да ги читате:


Домашна задача: повежбајте ги четирите вежби парлато 20 минути. Доколку некој сака може да ми прати аудио снимка да го проверам (своеволно).

Објаснување: софтверот ги изговара тоновите со англиски акцент (меко ,,ре“ и ,,ла“) вие треба со наше македонско. (:

19. 05 VIII-02 Повторување мелодиски вежби до 3 предзнаци

Превземете го листот со мелодиските вежби во .pdf формат ТУКА и вежбајте ги 20 мин. со помош на аудио снимките подолу. Доколку некој сака може да прати аудио снимка да го проверам (своеволно).



Аудио снимките пуштајте ги од смартфон или од компјутер. Упатство за пуштање аудио фајл од google drive:

Monday, 18 May 2020

18. 05 I-01 Осмини ноти (пишување)

Ако ја поделиме четвртината нота ќе добиеме две осмини ноти. Осмина нота трае половина удар. ♩ = ♪ + ♪

Осмина нота се пишува вака:

Две осмини ноти се пишуваат споено вака:

















Превземете го квизот (домашната задача) за осмини ноти ТУКА, испечатете го и решете го. Или препишете го во тетратка. Домашните сликнете ги и пратете ми ги на мејл или Viber (во приватна порака).




18. 05 VII-04 и VII-09 Дурски квинтакорд (Теорија)

Препишете ја лекцијата од сликата подолу и научете за дурски квинтакорд. Потоа решете ја задачата и пратете ми ја на мејл или Viber (во приватна порака).

Кликнете на сликата за да се отвори во поголема резолуција.

Friday, 15 May 2020

15. 05 I-01 Пишување C-dur, F-dur и G-dur во бас-клуч

Откога ќе научите како да ги пишувате скалите C-dur, F-dur и G-dur во виолински клуч (од минатиот пат), преминете на денешната лекција а тоа е како да научите да ги пишувате овие скали во бас-клуч. Домашната задача е да ги препишете во тетратка скалите со имињата на тоновите, абецедните тонови, стапалата и полустепените од сликата подолу и да ги научите. Потоа напишаното пратете ми го на мејл или Viber (во посебна порака).

Кликнете на сликата за да се отвори во поголема резолуција.































5. 15 III-01 Мелодиски вежби E-dur (виолински клуч)

Се надевам ја научивте скалата E-dur, нејзините повишени тонови и полустепени. Сега превземете ги мелодиските вежби од учебникот Солфеж 4 во .pdf формат:

Страна 23.pdf
Страна 24.pdf

Разгледајте ги вежбите со број 105, 106, 107 и 108 и вежбајте ги со помош на аудио снимките подолу. Ударите се пишани за да ви е поедноставно. Внимавајте, во вежбата број 108 тактот е 3/8 а тоа значи дека осмината нота ја тактираме еден удар и во еден такт имаме вкупно 3 удари. Темпото е ♩=40 bpm.

Вежба 105.mp3
Вежба 106.mp3
Вежба 107.mp3
Вежба 108.mp3

Аудио фајловите пуштајте ги од смартфон или од компјутер и слушајте ги нив и себе додека пеете. Упатство за пуштање .mp3 фајл од google drive:

Thursday, 14 May 2020

14. 05 III-02 Мелодиски примери C-dur (четириделна поделба)

Ако ја поделиме четвртината нота на четири, добиваме четири шеснаесеттини. Отворете го учебникот Солфеж 3 на страна 10 и 12, погледнете ти вежбите со број 1, 2 на страна 10 и 7,8 на страна 12. А потоа обидете се да ги вежбате со помош на аудио снимките подолу. Темпото е ♩=40 bpm.


Аудио снимките пуштајте ги од смартфон или од компјутер и слушајте ги нив и себе си додека пеете. Упатство за пуштање аудио фајл од google drive:

14. 04 II-07 a-moll мелодиски вид, функции и каденци

Третиот вид на молска скала е мелодиски. За да ја добиеме a-moll мелодиски вид, повторно го земаме шестото стапало на скалата C-dur. Кај мелодиската молска скала ги повишуваме VI-то и VII-то стапало (повишувалките стојат пред самите ноти) а полустепените се наоѓаат помеѓу II-III и VII-VIII стапало.
Домашна задача: 
препишете ја во тетратка скалата a-moll мелодиски вид, функциите и каденцата од сликата подолу и испратете ми ја не мејл или Viber (во посебна порака).

Кликнете на сликата за да се отвори во поголема резолуција.


Wednesday, 13 May 2020

13. 05 II-08 Мелодиски вежби во a-moll природен вид

Отворете на страна 46 и 47 од учебникот Солфеж 2, разгледајте ги убаво вежбите со број 1, 2, 3 и 4 и вежбајте ги со пеење со помош на аудио снимките подолу. Доколку имате потешкотии со ударите (тактирањето) превземете ги листовите во .pdf формат ТУКА и ТУКА и препишете ги цртичките над нотите во вашиот учебник.


Доколку некој сака може да ми прати аудио снимка да го проверам (своеволно).

Упатство за пуштање аудио фајл од google drive:

13. 05 I-01 Мелодиски вежби со тонови од малата октава

Отворете на страна 42 од учебникот Солфеж 1, лекцијата „Проширување на скалата“ и обидете се да ги вежбате со пеење мелодиските вежби со број 1, 2 и 3 со помош на аудио снимките подолу. Но за да може да ги пеете мора претходно да ги имате научено тоновите СОЛ, ЛА и СИ од малата октава, ДО, РЕ, МИ, ФА, СОЛ, ЛА и СИ од првата и тонот ДО од втората октава. (Тоновите најдобро се учат со пишување во тетратка).








Доколку ви треба помош со ударите (цртичките) превземете го листот во .pdf формат ТУКА, и препишете ги истите точно над нотите во вашиот учебник. Потоа преслушајте ги и обидете се да ги отпеете.

Аудио снимки од вежбите:

Истите вежби снимени со пијано и симулиран глас (што ги снимив со софтвери Cubase и Emvoice):

*Забелешка: софтверот тонот ,,РЕ“ го изговара се меко ,,Р“, вие треба со нормално тврдо.



Снимките пуштајте ги од смарфон или од компјутер. Упатство за пуштање аудио фајл од google drive:








Доколку имате прашања контактирајте ме. Може и да се снимите аудио за да ве проверам (своеволно).

Monday, 11 May 2020

11. 05 VII-04 и VII-09 Диктат во A-dur

Најпрвин нацртајте празен шаблон во тетратка (види слика) а потоа слушајте го диктатот во A-dur од аудио снимките подолу и обидете се да го запишете. Може да го пуштате целиот диктат со паузирање и враќање, или конкретните тактови. ,,Премотувајте“ колку што ви е потребно. Откога ќе го напишете пратете ми го на мејл или на Viber (во посебна порака) да го проверам.














Аудио снимките пуштајте ги од смартфон или од компјутер. Упатство за пуштање аудио фајл од google drive:

Friday, 8 May 2020

08. 05 III-01 Откривање E-dur (функции, каденци, мелодиски модели)

Скалата E-dur има четири предзнаци односно повишувалки: fis, cis, gis и dis. Започнува и завршува со тонот МИ. Полустепените се наоѓаат помеѓу III-IV и VII-VIII стапало.
Препишете ја скалата E-dur, функциите и каденците во тетратка од сликата подолу.

Кликнете на сликата за да се отвори во поголема резолуција.


















Препишаното сликнете го со смартфон и пратете ми го на prokopievnenad@gmail.com или на Viber (во посебна порака).

08. 05 I-01 Тонови СИ, ЛА и СОЛ од малата октава (пишување)

До сега ги научивме тоновите од првата октава. Скалата може да се прошири надолу во малата октава. Пониските тонови се пишуваат на помошните линии под петолинието.
Тонот ,,си“ (од малата октава или „h“) се пишува под првата помошна линија, тонот „ла“ (од малата октава или „a“) се пишува на втората помошна линија и тонот „сол“ (од малата октава или „g“) се пишува под втората помошна линија под петолинието.

Превземете ја домашната во .pdf формат ТУКА, сработете ја и пратете ми ја на мејл или на Viber (во посебна порака).

Thursday, 7 May 2020

07. 05 III-02 Обработка на канони dur-moll

Отворете на страна 62 и 63 од учебникот Солфеж 3 и вежбајте ги (мелодиски) каноните со број 1, 2, 5 и 6 (во G-dur и e-moll) со помош на аудио снимките подолу. Канон е композиција каде што повеќе гласови или инструменти ја пејат или свират истата композиција но почнуваат од различен такт (или различно време од тактот). Кога ќе заврши едниот глас тој може да почне повторно од почеток и композицијата да се ,,врти во круг'' повеќе пати.
Во овој случај вие обидете се да ги отпеете по еднаш од почеток до крај без повторување.

Аудио снимките пуштајте ги од смартфон или од компјутер. Упатство за пуштање аудио фајл од google drive:







Wednesday, 6 May 2020

05. 06 VII-04 и VII-09 Акорд - квинтакорд (Теорија)

Акорд е истовремено звучење на најмалку три тонови со различна висина. Тоновите на акордот ги бележиме еден над друг (хармонски) т.е. одоздола нагоре.
Квинтакорд или тризвук е акорд којшто се состои од: основен тон, негова терца и негова квинта. Квинтакордот може да биде: дурски, молски, намален и зголемен.












Домашна задача:
Препишете го примерот во тетратка и научете ја лекцијата за Акорд и Квинтакорд.

05. 06 I-01 Откривање Скали со еден предзнак (G-dur и F-dur)

Во музичката практика постојат дурски скали со повишувалки и снижувалки. Предзнаците во скалите се пишуваат веднаш после клучот. Денес ќе се запознаеме со скалите G-dur и F-dur.
Скалата G-dur припаѓа во дурските скали со повишувалки, таа има една повишувалка: „ФА повишено“. За да ја добиеме оваа скала го земаме V-то стапало на основната скала C-dur, а тоа е тонот СОЛ (g).










Скалата F-dur припаѓа на дурските скали со снижувалки, таа има еден предзнак односно една снижувалка ,,СИ снижено“. За да ја добиеме оваа скала го земаме IV-то стапало на основната скала C-dur, а тоа е тонот ФА (f).










Домашна задача:
Научете ги скалите G-dur и F-dur. Препишете ги од сликите погоре во тетратка, сликнете ги и пратете ми ги на мејл или Viber (во посебна порака).

Tuesday, 5 May 2020

05. 05 II-07 Ритмичко читање - парлато во виолински и бас-клуч

Отворете на страна 64 и 65 од учебникот Солфеж 2 и разгледајте ги вежбите со број 1, 2, 3 и 4. Тие се ритмички вежби кои што ќе треба ритмички да ги читате на еден ист тон (било кој, најдобро ДО 1) со тактирање. Значи не да ги пеете. Ритмичкото читање уште се нарекува парлато. Внимавајте да не го убрзувате или успорувате темпото, од почеток до крај треба да остане исто. Доколку ја немате книгата или ви треба помош со ударите, превземете ги листовите во пдф формат подолу.

Домашна работа: напишете ги тоновите под секоја нота во третата вежба и ударите (со цртички) над нотите како што работевме претходно на часовите. Домашните испратете ми ги на мејл или Viber (во посебна порака). Доколку сака некој може да ми прати и аудио снимки од вежбањето (своеволно).

05. 05 VII-04 и VII-09 Повторување мелодиски вежби до 2 предзнаци

Превземете ги листовите од вежбите во .pdf формат: страна 21 и страна 29 (не се од Солфеж V) и вежбајте ги мелодиските вежби по неколку пати со помош на аудио снимките подолу. Темпото е ♩=40 bpm.


Упатство за пуштање аудио фајл од google drive:

Monday, 4 May 2020

04. 05 II-08 Препишување мелодиска вежба во a-moll харм. од виолински во бас-клуч

Погледнете ја мелодиската вежба во a-moll хармонски и обидете се да ја препишете во бас-клуч во ИСТАТА октава, со се предзнаците пред самите ноти. За попрактично превземете го листот во .pdf формат ТУКА, отпечатете го и пишувајте директно на него, или препишете ја вежбата од сликата подолу директно во тетратка. Домашната пратете ми ја не мејл или Viber (во посебна порака).

Кликнете на сликата за да се отвори во поголема резолуција.

05. 04 VIII-02 Хроматски скали (молска хроматска нагоре - надолу) (Теорија)

За да добиеме хроматска молска скала, како основа земаме било која природна молска скала и во неа ги задржуваме нејзините дијатонски полустепени (II-III и V-VI). Кога ја нижиме во нагорна насока ги повишуваме сите стапала освен II-то, кое најпрвин треба да се снижи а потоа да се разреши односно да се врати природно.

Пример за a-moll хроматска нагоре:



Во надолната молска скала не постапуваме како во дурската (т.е. да ги снижуваме тоновите), туку оваа скала има еднакви тонови како и нагорната.
Пример за a-moll хроматка надолу:









Домашна 1: Препиши ги примерите погоре во тетратка (без текстот);
Домашна 2: Пробај да ја напишеш e-moll хроматска (нагоре и надолу). 
Предзнаците на скалата во (овој случај e-moll) се пишуваат исто како и кај дијатонските скали веднаш после клучот.

Домашните сликнете ги со смартфон и пратете ми ги на prokopievnenad@gmail.com

05. 04 I-01 Темпо

Отворете на страна 38 од учебникот Солфеж 1.
Брзината со која се изведува некоја композиција, песна или нејзини делови се нарекува Темпо. Темпото влијае на карактерот на песната и се означува на почетокот на песната, најчесто на италијански јазик.

Постојат три основни темпа: бавно, умерено и брзо. Секое од нив има свои нијанси но вие сега за сега научете ги само основните. Видете ги илустрациите подолу, желката ни асоцира дека темпото е бавно, јагнето дека темпото е умерено а зајакот дека темпото е брзо.
Мелодиските вежби или песни што имаат цели, половини и четвртини ноти се бавни, а тие што имаат осмини ноти се брзи*. Осмините ноти ќе ги учиме наредна недела.

*Тука се мисли на брзината на мелодијата не на темпото. На солфеж мелодиските вежби ги пееме од почеток до крај во исто темпо ♩=40 bpm.