Thursday, 11 June 2020
11. 06 III-02 Препишување вежба во G-dur од бас-клуч во виолински
Превземете го листот (шаблон) во pdf формат ТУКА или гледајте од сликата подолу и препишете ја вежбата во G-dur од бас-клуч во виолински за една октава погоре. Значи по ред, првата нота е g (сол мало) половина, вие треба да ја препишете во виолински клуч како g1 (сол од првата октава), втората нота е ,,d" (ре од малата октава) четвртина - вие треба да ја препишете во виолински како ,,d1" четвртина нота (или ре од првата октава) итн. Потоа напишете ги ударите со цртички над нотите.
11. 06 Мелодиски примери e-moll (природен вид) (четириделна поделба)
Мелодиските примери се на страна 32 и 33 од учебникот Солфеж 3. Вежбајте ги со помош на аудио снимките подолу. Темпото е ♩=40 bpm.
Упатство за пуштање аудио фајл од Google Drive:
Wednesday, 10 June 2020
10. 06 I-01 Вежба во F-dur од бас-клуч во виолински (Препишување)
Препишете ја вежбата во F-dur од бас-клуч во виолински една октава погоре. На пример, првата нота е четвртина ,,f“ (фа мало) во бас-клуч а вие треба да ја препишете во виолински како ,,f 1“ (фа од прва октава). Втората нота е ,,c“ (до мало) вие треба да ја препишете како ,,c 1“ (до од прва октава) итн.
Превземете го листот (шаблонот) во pdf формат ТУКА или гледајте од сликата и препишете во тетратка.
Кликнете на сликата за да се отвори во поголема резолуција.
Превземете го листот (шаблонот) во pdf формат ТУКА или гледајте од сликата и препишете во тетратка.
Кликнете на сликата за да се отвори во поголема резолуција.
10. 06 I-01 Мелодиски вежби F-dur (бас-клуч)
Мелодиските вежби се во F-dur. Скалата F-dur има еден предзнак - снижено ,,си“. Тоа значи секаде во вежбите каде што ќе го сретнеме тонот ,,си“ треба да го пееме ,,си снижено“.
Мелодиските вежби вежбајте ги со помош на аудио снимките подолу. Гледајте ги од сликата или превземете го листот во pdf формат ТУКА.
Мелодиските вежби вежбајте ги со помош на аудио снимките подолу. Гледајте ги од сликата или превземете го листот во pdf формат ТУКА.
Tuesday, 9 June 2020
09. 06 I-01 Ритмички вежби со продолжување на нотни вредности
Ритмичките вежби се на страна 49 од учебникот Солфеж 1. Научете ги со помош на аудио снимките и сликата подолу.
Објаснување:
09. 06 I-01 Продолжување на нотите
Траењето на нотите може да се продолжи со: ЛАК, ТОЧКА и КОРОНА.
Лакот спојува две ноти со иста висина. Кога две исти ноти се поврзани со лак, првата нота се продолжува за вредноста на втората нота.
На пример: РЕ 1 четвртина нота споена со лак со друга РЕ 1 четвртина нота ќе трае два удари (1+1=2). Или МИ 1 четвртина нота споена со лак со друга МИ 1 четвртина нота ќе трае исто така два удари итн.
Точката ја продолжува нотата за половина од нејзиното траење. На пример, доколку имаме МИ 1 половина со точка таа ќе трае 3 удари бидејќи половината нота трае два удари + половина од нејзината вредност (еден удар) = вкупно три удари.
Корона е музички знак, кој како круна стои над нотата. Таа го продолжува нејзиното траење по желба или чувство на изведувачот и најчесто стои на крајот од композицијата.
Домашна задача: Напиши мелодија во скалата Ц-дур во 4/4 такт каде што ќе ги употребиш сите тонови што ги учевме до сега (од g - e2), сите нотни вредности (цела, половина, четвртина и осмина нота) и по една продолжена нота со лак, точка и корона. Напиши ги и ударите со цртички над нотите.
4/4 такт значи дека имаме четири удари во еден такт.

Monday, 8 June 2020
Sunday, 7 June 2020
08. 06 Повторување мелодиски вежби до 4 предзнаци (dur/moll)
- Вежба 1 во E-dur.mp3
- Вежба 2 во cis-moll (хармонски вид).mp3
- Вежба 3 во As-dur.mp3
- Вежба 4 во fis-moll (мелодиски вид).mp3
Превземете го листот со мелодиските вежби во pdf формат ТУКА.
08. 06 II-08 Дворедни ритмички вежби
Отворете на страна 63 од учебникот Солфеж 2 и погледнете ја вежбата со број 6. На сликата подолу е истата вежба на која што ги пишав ударите доколку не ви е јасно тактирањето. Потоа обидете се да ги отпеете со слогот (зборчето) ,,ТА“ најпрво горниот ред а потоа долниот со помош на аудио снимките.
Ваквите дворедни ритмички вежби се нарекуваат уште полиритмички вежби и се пејат во исто време (на пример двајца ученици каде што едниот ученик го пее првиот, а другиот ученик вториот ред). Во ваш случај откога ќе ги повежбате редовите одделно, пробајте да ги отпеете полиритмички. Значи го пеете горниот ред а го слушате од снимката долниот. И обратно.
На ист начин научете ја и вежба број 7.
08. 06 II-08 Мелодиски вежби a-moll мелодиски вид
Отворете на страна 56 од учебникот Солфеж 2 и вежбајте ги мелодиските вежби во a-moll мелодиски вид со број 1, 2 и 3 со помош на аудио снимките подолу. Доколку го немате учебникот или ви треба помош за ударите и имињата на тоновите, превземете го листот во pdf формат ТУКА.
Со снимен глас (Софтвер Emvoice, забелешка: софтверот ги изговара имињата на тоновите ,,РЕ“, „ЛА“... со англиски акцент но вие треба нормално):
Аудио фајловите пуштајте ги од смартфон или од компјутер и слушајте ги нив и себе додека пеете. Упатство за пуштање аудио фајл од Google Drive:
Friday, 5 June 2020
06. 05 I-01 Тонови РЕ 2 и МИ 2 (пишување)
Скалата може да се прошири и нагоре (во втората октава). Денес ќе се запознаеме со новите тонови РЕ 2 и МИ 2.
Домашна работа:
Решете ги двете задачи на страна 43 од учебникот Солфеж 1 каде што пишува АКТИВНОСТИ (Повторете ги низите од пониските и повисоките тонови неколку пати). Потоа сликнете ја домашната и пратете ми ја на мејл или Viber.

06. 05 II-08 Мелодиски вежби a-moll хармонски вид
Отворете на страна 50 и 51 од учебникот Солфеж 2 или доколку го немате превземете ги страните во pdf формат тука:
Страна 50.pdf
Страна 51.pdf
Во првите 2 вежби се напишани ударите со цртички над нотите. Вежбајте ги со пеење и тактирање вежбите со број 1, 2, 3 и 4 со помош на аудио снимките подолу.
Страна 50.pdf
Страна 51.pdf
Во првите 2 вежби се напишани ударите со цртички над нотите. Вежбајте ги со пеење и тактирање вежбите со број 1, 2, 3 и 4 со помош на аудио снимките подолу.
Аудио снимките пуштајте ги од смартфон или од компјутер и слушајте ги додека пеете, како замена за пијано. Секоја вежба започнува со интонација и два слободни удари. Темпото е ♩=40 bpm. Упатство за пуштање аудио фајл од Google Drive:
Thursday, 4 June 2020
04. 06 I-01 Предтакт и знак за повторување
Прочитајте и научете за предтакт и знак за повторување a потоа решете ги задачите (активностите).
Предтакт.pdf
Знак за повторување.pdf
Предтакт.pdf
Знак за повторување.pdf
04. 06 II-07 Мелодиски вежби во сите видови a-moll
Отворете на страна 58 од учебникот Солфеж 2 и вежбајте ги мелодиските вежби со број 1, 2, 3 и 4 со помош на аудио снимките подолу. Секоја од овие вежби е напишана во сите видови a-moll (природен, хармонски и мелодиски вид). Тоа значи дека одделни делови од овие вежби (како на пример одреден такт, ред или дел) е напишан во различна a-moll скала. Темпото е ♩=40 bpm.
Доколку ви е потребно превземете го листот со напишани удари и имињата на тоновите во pdf формат ТУКА.
Доколку ви е потребно превземете го листот со напишани удари и имињата на тоновите во pdf формат ТУКА.
Инструкции:
Аудио снимките пуштајте ги од смартфон или од компјутер. Тој што сака може да ми прати аудио снимки да го проверам. Упатство за пуштање аудио фајл од Google Drive:
Wednesday, 3 June 2020
06. 03 III-02 Мелодиски примери во G-dur (четириделна поделба)
Отворете на страна 21 (подоцна 22 и 23) од учебникот Солфеж 3 и вежбајте ги мелодиските вежби со број 20, 21, 22 и 27 во G-dur, со помош на аудио снимките подолу. Темпото е ♩=40 bpm
Инструкции: Аудио снимките пуштајте ги од смартфон или од компјутер. Тој што сака може да ми прати аудио снимка (Своеволно). Упатство за пуштање аудио фајл од Google Drive:
06. 03 III-01 Препишување мелодиска вежба во E-dur од виолински во бас-клуч (Вежбање бас-клуч и ритам)
Препишете ја мелодиската вежба во E-dur од виолински клуч во бас-клуч во истата октава. Напишете ги и ударите со цртички над нотите. Превземете го и отпечатете го листот во pdf формат ТУКА (со празен шаблон) или гледајте од сликата подолу.
Домашната задача сликнете ја и пратете ми ја на мејл или Viber (во приватна порака) за да ја проверам.
Кликнете на сликата за да се отвори во поголема резолуција.
Домашната задача сликнете ја и пратете ми ја на мејл или Viber (во приватна порака) за да ја проверам.
Кликнете на сликата за да се отвори во поголема резолуција.
Tuesday, 2 June 2020
06. 02 I-01 Песни со текст со осмини ноти
Познатата песничка ,,До сака доручек“. (:
Се наоѓа на страна 45 од учебникот Солфеж 1. Линкови од песната (различни изведби):
Се наоѓа на страна 45 од учебникот Солфеж 1. Линкови од песната (различни изведби):
06. 02 Повторување мелодиски вежби до 3 предзнаци
Превземете го листот во pdf формат ТУКА. Вежбајте ги мелодиските вежби со помош на аудио снимките подолу.
Тој што сака може да ми прати аудио снимка (своеволно).
Тој што сака може да ми прати аудио снимка (своеволно).
- Вежба 1 во A-dur.mp3
- Вежба 2 во А-dur.mp3
- Вежба 3 во Es-dur.mp3
- Вежба 4 во c-moll (мелодиски вид).mp3
Снимките пуштајте ги од смартфон или од компјутер. Упатство за пуштање аудио фајл од Google Drive:
Monday, 1 June 2020
06. 01 II-08 a-moll мелодиски вид, функции и каденци
Третиот вид на молска скала е мелодиски. За да ја добиеме a-moll мелодиски вид, повторно го земаме шестото стапало на скалата C-dur. Кај мелодиската молска скала ги повишуваме VI-то и VII-то стапало (повишувалките стојат пред самите ноти) а полустепените се наоѓаат помеѓу II-III и VII-VIII стапало. Домашна задача: препишете ја во тетратка скалата a-moll мелодиски вид, функциите и каденцата од сликата подолу и испратете ми ја не мејл или Viber (во посебна порака).
Кликнете на сликата за да се отвори во поголема резолуција.
Кликнете на сликата за да се отвори во поголема резолуција.
Saturday, 30 May 2020
30. 05 VIII-02 Диктат во E-dur
Најпрвин нацртајте празен шаблон во тетратка (види слика) а потоа слушнете го диктатот во E-dur од аудио снимките подолу и обидете се да го запишете. Може да го пуштате целиот диктат со паузирање и враќање или конкретните тактови. ,,Премотувајте“ колку што ви е потребно. Откога ќе го напишете пратете ми го на мејл или на Viber (во посебна порака) да го проверам.
Аудио снимките пуштајте ги од смартфон или од компјутер. Упатство за пуштање аудио фајл од Google Drive:
Friday, 29 May 2020
29. 05 I-01 Мелодиски вежби F-dur (пунктиран ритам - синкопа)
Превземете ги мелодиските вежби во F-dur: страна 6.pdf и страна 7.pdf и вежбајте ги вежбите со број 1, 2, 3 и 4 со помош на аудио снимките подолу. На првите две вежби се пишани ударите со црвени цртички над нотите и името на тонот под секоја нота. Останатите две пробајте сами директно да ги читате (пеете) и тактирате.
Аудио вежбите започнуваат со интонација од тонот со кој започнува самата вежба и два слободни удари за да добиете претстава за темпото. Темпото е ♩=40 bpm. Тој што сака може да ми прати аудио снимка да го проверам. Упатство за пуштање аудио фајл од Google Drive:
Thursday, 28 May 2020
28. 05 1-01 Мелодиски вежби со осмини ноти
Отворете на страна 46 од учебникот Солфеж 1 и разгледајте ги мелодиските вежби со број 1 и 2. А потоа обидете се да ги отпеете по неколку пати со помош на аудио снимките подолу.
Ако ви е полесно може да ги гледате директно од сликите каде што ги запишав ударите со црвени линии и имињата на тоновите под нотите.
Ако ви е полесно може да ги гледате директно од сликите каде што ги запишав ударите со црвени линии и имињата на тоновите под нотите.
Додатно објаснување: Секоја вежба е снимена со претходна интонација со тонот од кој што започнува вежбата и 2 слободни удари за да се добие претстава за темпото. Аудио снимките со глас, се снимени со софтвер што ги пее нотите со англиски акцент. Учениците треба да ги пејат нормално. Ова се пробни (demo) примери за да добијат груба претстава како да ги вежбаат. Тие што сакаат може да ми пратат аудио снимка да ги проверам.
Упатство за пуштање аудио фајл од google drive:
Wednesday, 27 May 2020
27. 05 VII-04 и VII-09 Намален квинтакорд
Препишете ја лекцијата од сликата подолу и научете за намален квинтакорд. Потоа решете ја задачата и пратете ми ја (со се лекцијата) на мејл или Viber (во посебна порака) за проверка.
Кликнете на сликата за да се отвори во поголема резолуција:
Кликнете на сликата за да се отвори во поголема резолуција:
27. 05 II-07 Дворедни ритмички вежби
Отворете на страна 63 од учебникот Солфеж 2 и погледнете ја вежбата со број 6. На сликата подолу е истата вежба на која што ги пишав ударите доколку не ви е јасно тактирањето.
Потоа обидете се да ги отпеете со слогот (зборчето) ,,ТА“ најпрво горниот ред а потоа долниот со помош на аудио снимките.
Потоа обидете се да ги отпеете со слогот (зборчето) ,,ТА“ најпрво горниот ред а потоа долниот со помош на аудио снимките.
Ваквите дворедни ритмички вежби се нарекуваат уште полиритмички вежби и се пејат во исто време (на пример двајца ученици каде што едниот ученик го пее првиот, а другиот ученик вториот ред). Во ваш случај откога ќе ги повежбате редовите одделно, пробајте да ги отпеете полиритмички. Значи го пеете горниот ред а го слушате од снимката долниот. И обратно.
На ист начин научете ја и вежба број 7.
Tuesday, 26 May 2020
26. 02 II-08 a-moll хармонски вид, функции и каденци
Се надевам дека ја научивте скалата a-moll (природен вид) од минатите часови. Да повториме, секоја дурска скала има своја паралелна молска. За да ја добиеме паралелната молска скала го земаме шестото стапало на дурската. На C-dur паралелна молска скала е a-moll. Секоја молска скала има три видови: природна, хармонска и мелодиска.
Денес ќе се запознаеме со a-moll хармонски вид. Кај хармонската молска скала го повишуваме седмото стапало, значи во a-moll g треба да го повишиме во gis.
Домашна задача:
Препишете ја во тетратка a-moll хармонски вид, функциите и каденците од сликата подолу и научете ја. Препишаното сликнете го и испратете ми го на мејл или Viber (во посебна порака).
Кликнете на сликата за да се отвори во поголема резолуција.
Денес ќе се запознаеме со a-moll хармонски вид. Кај хармонската молска скала го повишуваме седмото стапало, значи во a-moll g треба да го повишиме во gis.
Домашна задача:
Препишете ја во тетратка a-moll хармонски вид, функциите и каденците од сликата подолу и научете ја. Препишаното сликнете го и испратете ми го на мејл или Viber (во посебна порака).
Кликнете на сликата за да се отвори во поголема резолуција.
26. 05 Повторување мелодиски вежби до 4 предзнаци
Превземете го листот од мелодиските вежби во .pdf формат ТУКА и вежбајте ги со помош на аудио снимките подолу. Тој што сака може да ми прати аудио снимка (своеволно).
Упатство за пуштање аудио фајл од google drive:
Friday, 22 May 2020
22. 05 I-01 Ритмички вежби со осмини ноти
Превземете го листот со објаснување и задачата во .pdf формат ТУКА. Откога ќе ја напишете испратете ми ја на мејл или Viber (во приватна порака) за да ја проверам.
Ваквите ритмички вежби ги пееме со зборчето (слогот ,,ТА“) на ист тон, со тактирање. Погледнете го следниов пример (првата вежба на листот) и слушнете го. Потоа обидете се сами да ја повежбате. Секоја долна стрелка е удар со раката на клупа.
Аудио: Ритмички пример.mp3
Тој што сака може да ми прати и аудио снимка од вежбата (своеволно).

22. 05 II-07 Мелодиски вежби a-moll (мелодиски вид)
Отворете на страна 56 од учебникот Солфеж 2 и повежбајте ги мелодиските вежби во a-moll мелодиски вид со број 1, 2 и 3. Доколку го немате учебникот или ви треба помош за ударите и имињата на тоновите, превземете го листот во .pdf формат ТУКА.
Вежбајте со помош на аудио снимките подолу.
Вежбајте со помош на аудио снимките подолу.
Со снимен глас (Софтвер Emvoice, забелешка: софтверот ги изговара имињата на тоновите ,,РЕ“, „ЛА“... со англиски акцент но вие треба нормално):
Аудио фајловите пуштајте ги од смартфон или од компјутер и слушајте ги нив и себе додека пеете. Упатство за пуштање аудио фајл од google drive:
Thursday, 21 May 2020
21. 05 III-02 Мелодиски примери a-moll (четириделна поделба)
Отворете на страна 10 (а потоа 11 и 13) и повежбајте ги 20-тина мин. мелодиските вежби во a-moll (хармонски вид) со број 3, 5, 6 и 14 со помош на аудио снимките подолу. Две вежби се во бас-клуч па доколку ви е потребна помош околку ударите и имињата на тоновите, превземете го листов во .pdf формат ТУКА.
Доколку некој сака може да ми прати аудио снимка да го проверам (своеволно).
Доколку некој сака може да ми прати аудио снимка да го проверам (своеволно).
Аудио снимките пуштајте ги од смартфон или од компјутер и слушајте ги нив и себе додека пеете. Упатство за пуштање аудио фајл од google drive:
20. 05 VII-04 и VII-09 Молски квинтакорд
Препишете ја лекцијата од сликата подолу и научете за молски квинтакорд. Потоа решете ја задачата и пратете ми ја (со се лекцијата) на мејл или Viber (во посебна порака) за проверка.
Кликнете на сликата за да се отвори во поголема резолуција.
Кликнете на сликата за да се отвори во поголема резолуција.
Wednesday, 20 May 2020
20. 05 I-01 Мелодиски вежби G-dur (виолински и бас-клуч)
Превземете ја страната со мелодиските вежби во .pdf формат ТУКА и повежбајте ги вежбите со број 1, 2, 3 и 4 во G-dur со помош на аудио снимките подолу. На вежбите 1 и 3 ги напишав ударите (со цртички) што треба да ги тактирате со рака и имињата на тоновите (под секоја нота) а останатите обидете се сами директно.
Како би требало отприлика да звучите (снимено со Emvoice - софтверот ги изговара нотите со англиски акцент: меко ,,ре“, „ла“ итн... вие треба нормално):
Аудио снимките пуштајте ги од смартфон или од компјутер и слушајте ги нив и себе додека пеете. Упатство за пуштање аудио фајл од google drive:
Tuesday, 19 May 2020
19. 05 II-08 Ритмички вежби
На еден од минатите часови имавме ритмички вежби со ноти напишани на една линија, и тие ги изговаравме со слогот ,,ТА“. Но кога имаме ритмички вежби со ноти напишани на петолиние, тоа се нарекува ритмичко читање или ПАРЛАТО. Тоа значи дека одбираме темпо кое што треба да го задржиме од почеток до крај (во наш случај бавно, ♩=40 bpm) и ги изговараме нотите на еден ист тон (фрекфенција) односно на тонот ДО 1 со тактирање.
Отворете на страна 64 и 65 од учебникот Солфеж 2 и погледнете ги вежбите со број 1, 2, 3 и 4. А потоа слушнете ги аудио вежбите број 1 и 2 за да добиете претстава на кој начин да ги читате:
Отворете на страна 64 и 65 од учебникот Солфеж 2 и погледнете ги вежбите со број 1, 2, 3 и 4. А потоа слушнете ги аудио вежбите број 1 и 2 за да добиете претстава на кој начин да ги читате:
Домашна задача: повежбајте ги четирите вежби парлато 20 минути. Доколку некој сака може да ми прати аудио снимка да го проверам (своеволно).
Објаснување: софтверот ги изговара тоновите со англиски акцент (меко ,,ре“ и ,,ла“) вие треба со наше македонско. (:
19. 05 VIII-02 Повторување мелодиски вежби до 3 предзнаци
Превземете го листот со мелодиските вежби во .pdf формат ТУКА и вежбајте ги 20 мин. со помош на аудио снимките подолу. Доколку некој сака може да прати аудио снимка да го проверам (своеволно).
- Вежба 1 во Es-dur.mp3
- Вежба 2 во c-moll.mp3
- Вежба 3 во A-dur.mp3
- Вежба 4 во fis-moll (хармонски вид).mp3
Аудио снимките пуштајте ги од смартфон или од компјутер. Упатство за пуштање аудио фајл од google drive:
Subscribe to:
Posts (Atom)