Thursday, 11 June 2020
11. 06 III-02 Препишување вежба во G-dur од бас-клуч во виолински
Превземете го листот (шаблон) во pdf формат ТУКА или гледајте од сликата подолу и препишете ја вежбата во G-dur од бас-клуч во виолински за една октава погоре. Значи по ред, првата нота е g (сол мало) половина, вие треба да ја препишете во виолински клуч како g1 (сол од првата октава), втората нота е ,,d" (ре од малата октава) четвртина - вие треба да ја препишете во виолински како ,,d1" четвртина нота (или ре од првата октава) итн. Потоа напишете ги ударите со цртички над нотите.
11. 06 Мелодиски примери e-moll (природен вид) (четириделна поделба)
Мелодиските примери се на страна 32 и 33 од учебникот Солфеж 3. Вежбајте ги со помош на аудио снимките подолу. Темпото е ♩=40 bpm.
Упатство за пуштање аудио фајл од Google Drive:
Wednesday, 10 June 2020
10. 06 I-01 Вежба во F-dur од бас-клуч во виолински (Препишување)
Препишете ја вежбата во F-dur од бас-клуч во виолински една октава погоре. На пример, првата нота е четвртина ,,f“ (фа мало) во бас-клуч а вие треба да ја препишете во виолински како ,,f 1“ (фа од прва октава). Втората нота е ,,c“ (до мало) вие треба да ја препишете како ,,c 1“ (до од прва октава) итн.
Превземете го листот (шаблонот) во pdf формат ТУКА или гледајте од сликата и препишете во тетратка.
Кликнете на сликата за да се отвори во поголема резолуција.

10. 06 I-01 Мелодиски вежби F-dur (бас-клуч)
Мелодиските вежби се во F-dur. Скалата F-dur има еден предзнак - снижено ,,си“. Тоа значи секаде во вежбите каде што ќе го сретнеме тонот ,,си“ треба да го пееме ,,си снижено“.
Мелодиските вежби вежбајте ги со помош на аудио снимките подолу. Гледајте ги од сликата или превземете го листот во pdf формат ТУКА.

Tuesday, 9 June 2020
09. 06 I-01 Ритмички вежби со продолжување на нотни вредности
Ритмичките вежби се на страна 49 од учебникот Солфеж 1. Научете ги со помош на аудио снимките и сликата подолу.
Објаснување:
09. 06 I-01 Продолжување на нотите
Траењето на нотите може да се продолжи со: ЛАК, ТОЧКА и КОРОНА.
Лакот спојува две ноти со иста висина. Кога две исти ноти се поврзани со лак, првата нота се продолжува за вредноста на втората нота.
На пример: РЕ 1 четвртина нота споена со лак со друга РЕ 1 четвртина нота ќе трае два удари (1+1=2). Или МИ 1 четвртина нота споена со лак со друга МИ 1 четвртина нота ќе трае исто така два удари итн.
Точката ја продолжува нотата за половина од нејзиното траење. На пример, доколку имаме МИ 1 половина со точка таа ќе трае 3 удари бидејќи половината нота трае два удари + половина од нејзината вредност (еден удар) = вкупно три удари.
Корона е музички знак, кој како круна стои над нотата. Таа го продолжува нејзиното траење по желба или чувство на изведувачот и најчесто стои на крајот од композицијата.
Домашна задача: Напиши мелодија во скалата Ц-дур во 4/4 такт каде што ќе ги употребиш сите тонови што ги учевме до сега (од g - e2), сите нотни вредности (цела, половина, четвртина и осмина нота) и по една продолжена нота со лак, точка и корона. Напиши ги и ударите со цртички над нотите.
4/4 такт значи дека имаме четири удари во еден такт.

Monday, 8 June 2020
Subscribe to:
Posts (Atom)